Осум натпревари од 5.коло во Лигата на шампионите

Во фудбалската Лига на шампиони вечерва продолжуваат возбудувањата со натпревари од 5.коло. Ќе се одржат средби во групита Е, Ф, Г и Х. Оваа рунда може да биде пресудна за неколку екипи околу презимувањето во елитното натпреварување. Дербито е во Дортмунд каде германскиот и европски вицепрвак Борусија против Наполи ќе се обиде да остане во комбинација за следната фаза. Пред иста задача е и поранешниот европски шампион Милан кој гостува во Шкотска кај Селтик.

Двојки за вечерашните натпревари од 5.коло во ЛШ:

Зенит Петербург – Атлетико Мадрид,
Ајакс – Барселона,
Арсенал – Олимпик Марсеј,
Базел – Челзи,
Селтик – Милан,
Борусија Дортмунд – Наполи,
Порто – Австрија Виена и
Стеауа – Шалке.

Освен средбата во Санкт Петербург која започнува во 18 часот по средноевропско време, останатите се закажани за 20 часот и 45 минути.

Табела Е група: Челзи 9 бодови, Шалке 6, ЦСКА Москва 5, Стеауа 2.

Табела Ф група: Арсенал 9 бодови, Наполи 9, Борусија Дортмунд 6 Олимпик Марсеј 0.

Табела Г група: Атлетико Мадрид 12 бода, Зенит 5, Порто 4, Австрија Виена 1.

Табела Х група: Барселона 10 бодови, Милан 5, Ајакс 4, Селтик 3.

Најчитани вести