Фановите на „Преспав“ посебно ќе се радуваат од причина што ТВ серијата ќе добие ново продолжение. На Фејсбук страницата на “Преспав” е објавено дека се бараат две момчиња за улогите на Ѓоко и Боко кои ќе бидат во новите продолженија на серијалот.
“Драги преспавци, имаме многу убави вести. 🙂
Ги бараме Ѓоко и Боко, две палави момчиња на возраст од 6 до 9 години кои ќе добијат улоги во вашата омилена ТВ серија „Преспав“.
Сите заинтересирани треба да ни пратат фотографии (профил, анфас и целосна) и кратко видео за запознавање (име, презиме, години, хоби, желби..) кое нема да биде подолго од една минута, телефонски број на родител и mail адреса за контакт на ✉ 𝐩𝐫𝐞𝐬𝐩𝐚𝐯𝐜𝐚𝐬𝐭𝐢𝐧𝐠@𝐠𝐦𝐚𝐢𝐥.𝐜𝐨𝐦 до 7 октомври 2021 година.
Ве покануваме да ја споделите веста со вашите мали пријателчиња и нивните родители и да ни помогнете да ги пронајдеме новите „Преспав ураганчиња“.
Кастинг директор е Билјана Драгиќевиќ – Пројковска”, стои во објавата.
]]>


