Поради серија на лоши резултати раководството на шпанскиот фудбалски клуб Бетис го смени тренерот Пепе Мел.
– Клубот му се заблагодарува на Мел за трите години посветена работа со која од втората лига не однесе во Лига Европа, стои во соопштението од Бетис.
Пред да дојде на клупата на зелено-белите, Мел беше тренер на Хетафе, Алавес, и Рајо Ваљекано.
Бетис сезонава има многу слаби резултати во примера Дивизија. Се наоѓа на последното место, а осум кола по ред нема победа.
За нов тренер на екипата од Андалузија се најавува Хуан Карлос Гаридо.


