Oткажан концертот на Цеца во Пробиштип

Концертот на балканската ѕвезда Цеца со кој требаше да се одбележи јубилејот 10 години постоење на “Аква паркот” во Пробиштип, е откажан, објавија организаторите.

Поради големиот број новозаразени со коронавирусот, од “Аква паркот” најавија дека нема да прават забава и велат дека јубилејот ќе го прослават догодина.

“Почитувани,

Следејќи ја новонастанатата ситуација со КОВИД 19 и зголемениот број на новозаболени, како и новите мерки кои стапија на сила , настанот “ЦЕЦА за 10 години Аква Парк Пробиштип“ се откажува.

Средствата од купените карти во претпродажба за настанот ќе можете да ги повратите од 19 Август до 20 Септември од местото каде ги имате набавено а доколку сте ги набавиле преку www.kupikarta.com потребно е да испратите email на kupikarta@gmail.com наведувајќи: настан, име, презиме, дата на трансакција и количина на набавени карти.

Останете во добро здравје и почитувајќи ги мерките за заштита, а ви ветуваме дека наредната година спектакуларно ќе го прославиме нашиот јубилеј”, стои во објавата на Фејсбук страницата на Аква паркот од Пробиштип.

]]>

Најчитани вести