Големата „PlayStation“ ексклузива во 2022 година добро се продаваше. „God of War Ragnarok“ досега го играле повеќе од 11 милиони играчи, комбинирани на „PlayStation’ 4 и 5 конзоли.
За помалку од три месеци, „Ragnarok“ веќе постигна половина од продажбата што претходниот „God of War’ ја постигна за четири и пол години, пренесува порталот „Noob’.
Дека продажбата на играта ќе биде добра се виде по тоа што играта веќе по првата недела од стана најбрзо продаваната игра на „Sony“ во историјата.
Сè уште не е јавно потврдено, но со овој резултат можеме да кажеме дека „God of War Ragnarok“ досега стана најпродаваната игра на „Sony“ за „PlayStation“ 5.


