Oткриена причината зошто Карлеуша си заминала од „Гранд“

Јелена Карлеуша го напушти жирито на „Ѕвездите на Гранда“ бидејќи Саша Поповиќ одбил да ѝ плаќа по 10.000 евра по емисија, пишува српски „Курир“.

Досега пејачката добивала по 5.000 евра по емисија, или 200.000 годишно. Но, на состанокот што го имале во јуни таа побарала хонорар од 10.000 евра по емисија, а Саша Поповиќ одбил.

Поранешниот прв човек на најголемата музичка продукција на Балканот бил изненаден од барањето на Карлеуша и условите што ги поставила за да ја продолжат соработката.

Саша се согласи да ѝ го зголеми хонорарот за 1.000 евра по емисија, па Јелена место 5.000 да добивала 6.000 евра, со што за 40 емисии ќе добиела 240.000 евра годишно за 40 емисии, но Карлеуша не се согласила и си заминала од шоуто. Наместо нејзе во шоуто веќе почна да работи Светлана Ражнатовиќ-Цеца.

]]>

Најчитани вести