Откриено дали Анастасија ќе го носи презимето Гудељ, Немања напиша, Ражнатовиќ се согласи

Иако се уште се шпекулира кога и каде ќе се одржи венчавката на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ, сепак се знае кое презиме ќе носи таа во иднина. Немања преку објава на својот Инстаграм профил откри како ќе се презива Ражнатовиќ во иднина.

Пејачката на својот Инстаграм профил објави низа фотографии од запросувањето, а нејзиниот вереник веднаш искоментира.

– АГ – напиша тој, алудирајќи дека Анастасија ќе го земе неговото презиме Гудељ, на што таа одговори со коментар: „ново поглавје“.

Да потсетиме, Немања на Анастасија ѝ подари незаборавна ноќ. Прво имаа романтична вечера, а потоа имаше настап со танчери и музика во живо.

„Романтична вечера со мојата буба“ – напиша Анастасија, што е прекарот што си го користат еден за друг, а на вечерата Немања ја побарал Анастасија за сопруга.

Како изгледаше изненадувањето за Анастасија погледнете во видеото кое го објавија на социјалните мрежи: ливчиња од рози, огномет, балони и музика беа дел од магичната вечер, а девојката кажа „Да“.

Најчитани вести