Што гледате на сликата, е прашањето што многу психолози го поставуваат покажувајќи слика што изгледа како дамка во превиткана хартија, но сепак личи на нешто, а на што, тоа за секого е различно. Погледнете ја сликата и тоа што прво ќе го видите, открива многу за вашата емоционална и психолошка состојба.
Се работи за Роршахов тест со дамки, дизајниран од психијатарот Херман Роршах и се смета за еден од најточните тестови на личноста. Тестот се базира на потсвесното размислување на испитаникот, а врз основа на резултатите може да се утврди нивната емоционална и психолошка состојба. Испитаникот треба да ги протолкува сликите на свој начин и да ги објасни првите асоцијации што му се паѓаат на памет. Овој тест ги открива најдлабоките страни на личноста.
Концентрирајте се, добро погледнете ја сликата; она што прво ќе го забележите ќе ви каже сè за вашата емоционална и психолошка состојба.
Ако видите двајца луѓе
Каков е односот на луѓето што ги гледате на сликата? Решението е во вашиот фокус. Оваа слика може да има и сексуална конотација, па можно е да предизвика такви мисли. Ако вашиот главен фокус е на сексот, веројатно потсвесно сте преокупирани со него.
Ако се видите сами себе во огледало
Личноста која се гледа во огледалото всушност ве претставува Вас. Какви чувства предизвикува таа слика кај вас? Дали гледате многу крв? Крвта е поврзана со агресија и негативни емоции, а чувствата на личноста која се гледа во огледало се всушнот вашите лични чувства.
Ако видите куче
Како се чувствувате во врска со кучињата? Кучето го симболизира вашето внатрешно битие, но и вашите стравови. Ако ве разбудат негативни емоции, можеби имате скриени стравови со кои треба да се соочите.
Ако видите слон
Слоновите ги симболизираат интелигенцијата и самодовербата. Какви чувства предизвикува слонот кај вас? Позитивно или негативно? Оваа слика открива какви сами себе си се доживувате.
Ако видите ранета мечка
Ако видите ранета, крвава мечка, тоа може да значи дека скришно носите многу тага во себе. Овие луѓе често се многу емотивни, благи и лесно поверуваат.
Ако видите двајца луѓе како се молат
Оваа слика, како и повеќето „дамки“ на Роршах, има сексуална конотација што може да се поврзе со религијата. Ако видите крв, веројатно ја доживувате религијата преку жртви и страдања. Тоа може да значи и дека се потпирате на молитвата во вашите животни кризи.

Херман Роршах е психијатар и психоаналитичар од Швајцарија. Тој го развил психолошкиот тест познат како Роршахови дамки чија цел е да ги рефлектира несвесните делови на личноста.


