ОТВОРЕНИ ОЧИ- што е толку посебно во тоа?

ОТВОРЕНИ ОЧИ- што е толку посебно во тоа?

Дозволете да ви објаснам.

Ова е последниот нејзин поглед!
Последното нешто што она го видела е луѓето кои сакаа да ја спасат, но сакам да ви кажам што јас видов во овој поглед.

Се видов себе, ве видов и вас, го видов ова труло општество. Ја видов Македонија!
Ги видов и институциите и законите!

Никогаш не сум видела почисто огледало од овие очи.

Од вчера само зјапам во сликава и не ми дава никако мир.

Не е ова само поглед за да се збогува.

Овој поглед е многу повеќе од едно ЧАО.
Овој поглед вришти – НЕ’ ПРЕДАДОВТЕ!

Требаше да ви бидеме најдобри другари, но вие го уништите целото достоинство на поразличните од вас.

Во овој поглед може да се види апатијата на луѓето и нефункционалноста на една држава.

Влада на Република Македонија
Доколку не се смени најбрзо нешто во поглед на бездомните животни, создавање на база на податоци на регистрирани животни, менување на законот за благосостојба и зголемување на казните за напуштање, несоодветно чување и малтретирање на животни тогаш можеме слободно да се прогласиме за монструозна држава.

Во земја каде што има огромен број на активисти спремни да помогнат во решавање на проблем причината што проблемот се уште постои е што моментално погрешни луѓе се назначени за решавање на проблемот.

И денес сум по поезијата , а на овој пост најмногу одговара извадок од ПЕКОЛОТ на Данте.

“На средина од мојот живот земен
го изгубив јас така својот пат:
се најдов в шума сам, сред густеж темен.

А таа шума, дива, чуден кат,
зарастена во трње, в буеж сета,
сред срце раѓа спомен, страв и лад.

Погорчлива одвај е смртта клета!
Но, за блаженството што сум го пил,
ќе раскажам за сè што таму сретнав.”

#МаcedoniaTimless или #MacedonianCrueltyTimless

Туна и беше името – чисто да се знае дека не умрела

Фејсбук статус на Маги Георгиева

kuce

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести