Црвениот крст на Република Северна Македонија ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.
– Секое лице кое се чувствува загрозено и вознемирено поради настанатите пожари може да се обрати, постави прашања и добие одговори и совети за успешно справување со ситуацијата која ја загрозува благосостојбата и создава чувство на лична и колективна загрозена безбедност, стои во фејсбук-статусот на организацијата од каде потсетуваат за можноста да се користат отворените телефонски линии на кои има соодветна прва психолошка поддршка од обучени волонтери.Отворените телефонскии линии се поделени на региони а се однесуваат на сите општини и населени места кои припаѓаат на наведените региони:Скопски Регион – 071/367-909, 071/367-981 и 071/379-119Пелагониски Регион – (Битола, Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен)047/236-019 и 070/791-770Југозападен и Полошки Регион – (Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево, Струга,Охрид)072/239-051 и 072/239-077Источен, Североисточен и Југоисточен Регион (Штип, Кочани, Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Кратово, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија, Валандово, Радовиш)071/426-660 и 071/426-633Вардарски Регион (Велес, Неготино, Свети Николе, Градско, Чашка, Кавадарци, Лозово, Росоман, Демир Капија) 075/294-036, 071/274-229 и 043/231537.
МИА
]]>


