Церемонијата по повод нивното стапување во брак ќе се одржи во Палм Бич, Флорида, на имотот на семејството Пелц вреден 124 милиони долари. Тој е еден од најимпресивните имоти во областа, а зафаќа повеќе од 4.000 квадратни метри и се наоѓа веднаш покрај океанот.

И додека најстарото дете од семејството Бекам ѝ е добро познато на јавноста уште од неговото најрано детство, за Никола не се знаеше многу се до нејзината врска со синот на Бекам.
Никола е едно од осумте деца на ултрабогатиот американски претприемач Пелц од бракот со поранешната манекенка Клаудија Хефнер, што трае веќе 37 години. Нелсон претходно двапати се женел, но информациите за тоа кои се неговите поранешни сопруги не се јавно достапни.
Таткото на идната невеста е многу моќен бизнисмен и со години мудро инвестирал и ја проширувал својата деловна империја. Денес, неговата вредност се проценува на 2,3 милијарди долари. Нелсон е претседател на американскиот ланец за брза храна „The Wendy’s Company“ и член на управниот одбор на американскиот гигант за дистрибуција на храна „Sysco“. Тој има инвестирано и во компании како што се „Heinz“, „Domino’s Pizza“, „Tiffany & Co.“ и компанијата за пијалоци „Snapple“.

Покрај прекрасниот имот во Флорида, семејството Пелц поседува и голем број други имоти во САД. Сопственици се на вила во малото гратче Бедфорд во предградието на Њујорк, инаку омилен дел од западниот брег на сите ѕвезди и милијардери, што има дури 27 спални соби. Имотот наводно има и лизгалиште за хокеј на мраз и езеро.
Нелсон им обезбедил дом на сите свои своите возрасни деца, па неодамна ѝ ги предаде клучевите од новата куќа на Никола. Тој ѝ купил имот во Беверли Хилс, вреден 14 милиони долари, во кој сега ќе живеат со нејзиниот иден сопруг Бруклин.

За да го заштити богатството на нејзиното семејство, Бруклин и свршеницата Никола пред две години потпишале предбрачен договор. Свадбата беше закажана за тоа време, но поради пандемијата беше одложена.
Иако парите не ѝ се приоритет и ги има „за фрлање“, Никола се труди да постигне нешто во животот. Таа е желна за слава, па во 2006 година се пробала во актерството. Таа се обидела и како модел, а со своите 170 сантиметри висина, витко тело и долга руса коса била идеален избор за многу модни агенти. Таа се појавила и неколку музички спотови.
Бруклин успеал да го освои нејзиното срце и наскоро ќе ја однесе до олтарот, но пред тоа Никола била вљубена во многу познати момци. Таа излегувала со Џастин Бибер, кој бил лудо вљубен во неа и сакал да завршат заедно. Сепак, врската не траеше долго.
По него, таа падна на манекенот Анвар Хадид, братот на познатите сестри Џиџи и Бела Хадид. Таа не можеше да му одолее ни на музичарот Пол Клајн, со кој раскина неколку месеци пред да го запознае Бруклин.
Синот на познатиот британски фудбалер и познатата спајсица ја запознал Никола на забава за време на „Ноќта на вештерките“ во октомври 2019 година. Тие извесно време се криеле од јавноста, по што следеа нивните заеднички појавувања на модни ревии и забави. Само осум месеци откако го запознала младиот Бекам, тој ја запросил.
]]>


