Oва се петте земји со најголеми резерви на злато во светот

5. Русија Во текот на изминатите шест години, руската централна банка интензивно купувала злато. Во 2017 година, Русија ја истурка Кина од листата на првите пет земји со најголеми резерви на злато. Минатата година Русија стана водечки светски купувач на злато со 651,5 тони од овој метал. Во моментов, Москва има 2.149 тони злато. 4. Франција Франција има 2.518 тони резерви на злато, што претставува околу 60 проценти од вкупните девизни резерви на Франција. 3. Италија Со 2,534 тони злато, Италија е на третото место во светот. Златото претставува речиси 70% од девизните резерви на земјата. Во согласност со политиката што ја спроведува Банката на Италија, златото е најбезбедната инвестиција во време на економски превирања и заштита од нестабилноста на американскиот долар. 2. Германија Федералната банка на Германија (Deutsche Bundesbank) моментно поседува 3.483 тони злато, што е нешто повеќе од 70 проценти од девизните резерви на Германија. Банката се обидува да отплати најмалку 674 тони злато, што е под контрола на Банката на Франција и Банката на САД. Репатријацијата на златото треба да заврши до 2020 година. 1. САД Најголемите резерви на злато во светот ги има Вашингтон, односно 8.407 тони. Овие златни резерви на САД се нешто повеќе од 75 проценти од националните девизни резерви.]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести