Се повеќе млади луѓе имаат проблеми со ќелавоста, а експертите предупредуваат дека конзумирањето на слатки и газирани пијалоци може да го забрза овој процес.
Како што пишува Insider, истражувачите од Универзитетот Цингхуа во Пекинг ги прегледале податоците на повеќе од илјада мажи на возраст од 18 до 45 години, снимени од јануари до април 2022 година, за да ги споредат нивните животни навики и опаѓањето на косата. Тие откриле дека опаѓањето на косата е речиси 30 проценти почеста кај мажите кои имаат дневна навика да пијат еден засладен пијалок како сода, сок, енергетски пијалоци, диетални пијалоци и засладено кафе или чај (вкупно помеѓу еден и три литри на недела).
Исто така, мажите кои рекле дека пијат повеќе од еден засладен пијалок дневно имале уште поголема веројатност за губење на косата, дури 42 отсто поголем ризик во споредба со оние кои ретко или никогаш не ги консумирале овие пијалоци. Резултатите од ова истражување беа објавени на почетокот на јануари оваа година во магазинот Nutrients.
Извор: danas.rs


