Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска објави дека е постигнат договор за заложниците во Газа откако Израел и Хамас се согласиле на прекин на огнот.
„Имаме договор за заложниците на Блискиот Исток. Наскоро ќе бидат ослободени“, објави Трамп на „Truth Social“.
Претходно, палестинската група на отпорот Хамас соопшти дека официјално одговорила на предложениот договор за прекин на огнот со Израел.
Палестинците се собраа во дворот на болницата Ал Акса во градот Газа за да го прослават објавувањето на прекин на огнот.


