Пациент натепал лекар и сестра во тетовската болница

Дежурен лекар во детското одделение на Клиничката болница во Тетово, вчера пријави дека бил физички нападнат од непознат маж кој заедно со уште две непознати женски лица и со едно малолетно дете кои влегле во ординацијата за да му се укаже лекарска помош за детето, пишува Плусинфо.

Лекарот откако го видел медицинскиот извештај од Хируршко одделение и побарал да му донесат упат, мажот му се нафрлил и физички го нападнал, а потоа почнал со рацете да удира по работното биро, компјутерот и другите предмети кои ги расфрлал на подот за што лекарот преку дежурната сестра побарал да биде повикано обезбедувањето. Не успеала во намерата, затоа што мажот и нејзе физички ја нападнал и побегнал.

Извор: Плусинфо

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести