Пациент се самоуби во велешката болница

Вечерва во 18 часот и 20 минути во СВР Велес е пријавено дека од 4-от кат на интерното одделение на Градската болница Велес се фрлил старец, кој починал.

Според информациите од портпаролот на СВР – Велес Анита Стојковска станува збор за 91-годишниот Илија М. од Велес кој бил пациент во интерното одделение.

Екипа на СВР Велес изврши увид на местото на несреќата. Се работи на расчистување на случајот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести