Печена риба – „Al cartoccio“ медитерански вкус печена во сопствена пареа

Овој традиционален начин на подготовка на риба во хартија/ал.фолија овозможува сите ароми и сокови да останат зачувани, а рибата да биде неверојатно сочна и полна со вкус. Во комбинација со свеж зеленчук и маслиново масло, добивате лесен и елегантен оброк идеален за семеен ручек или посебна вечера.

Потребни состојки:

  • 2 свежи риби
  • 1 помала тиквичка
  • 2 моркова
  • 2 пиперки
  • 10 шери домати
  • 4 средни компири
  • маслиново масло
  • сол
  • црн пипер
  • босилек
  • свеж магдонос
  • сок од лимон


Подготовка:

Исчистете ја рибата, посолете ја и зачинете ја со црн пипер. Исчистете го зеленчукот. Компирите и морковите варете ги околу 10 минути во солена вода, а потоа процедете ги. Загрејте ја рерната на 200°C. Исечете го зеленчукот на парчиња со средна големина. Подгответе хартија за печење или алуминиумска фолија.

На дното распоредете ги тиквичките и морковите, а околу нив останатиот зеленчук. Посолете, додајте црн пипер и прелијте со малку маслиново масло. Во секоја риба ставете гранче свеж магдонос. Поставете ја рибата врз зеленчукот, прелијте со маслиново масло и неколку капки сок од лимон, па внимателно затворете ја хартијата за печење/алуминиумската фолија како пакетче.

Повторете ја постапката и со останатата риба. Печете околу 20 минути. Потоа внимателно отворете ги пакетчињата и печете уште 10 минути за рибата убаво да зарумени. Оставете 5 минути пред сервирање за да се соединат вкусовите и да се впијат соковите.

МИА

Најчитани вести