Печурки од рерна

За овој рецепт потребен ви е само еден сад во кој ќе ги соедините сите состојки. Така добро зачинетите печурки потребно е да се печат приближно 20 минути и вкусниот прилог е готов.

Состојки
900 гр печурки

1 лажица масло

3 лажици балсамико оцет

2 лажици соја сос

3 чешниња лук, сецкани

½ лажичка мајчина душица, сечкана

Сол по вкус

Бибер по вкус

Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.

Во сад за печење измешајте ги состојите, маслото, балсамико, соја сосот, лукот, мајчината душица, солта и биберот и печурките.

Печење

Печурките цели распоредете ги во садот и печете ги во загреана рерна околу 20 минути додека не омекнат. По првите 10-тина минути малку измешајте ги печурките и продолжете со печење.

Добар апетит

Најчитани вести