Пенов: Сите општини во Македонија добија најмалку по еден проект

Најважно е што регионалниот развој е комплетно децентрализиран, Владата, Министерствата и Бирото за регионален равој финансираат, а избираат и реализираат проекти Општините и планските региони преку нивните градоначалници, рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов на панелот „Рамномерен регионален и локален развој-придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“.

Тој истакна дека во 2022 година, иако беше кризна година, енергетски и економски, средствата за регионален развој се зголемуваат, сите средства се реализирани и особено се задоволни затоа што сите Општини добија и реализираа по најмалку еден проект.

„Во 2022 година се реалзирани 215 проекти. Од нив најмногу е инвестирано во комунална инфраструктура, но посебно важно е што е обновен возниот парк во противпожарните служби, Североисточниот, Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион, каде што речиси секоја општина доби по најмалку едно противпожарно возило“, рече Пенов.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести