Пет факти кои не ги знаете за розовиот костим на Џеки Кенеди

Поводот да се присетиме на Џеки е 50 – годишнинатa од убиството на 35-тиот американски претседател Џон Кенеди, извршено на 22 ноември 1963 година во Далас, Тексас.

Џеки Кенеди несомнено е една од најсаканите и најстилски Први дами кои историјата на САД ги познава. Често пати е посочувана како една од највлијателните модни икони на 20 век. Таa e пример за имитирање во модата и ги плени срцата на илјадници обожаватели ширум светот.
Денес сите нејзини костими се пример како треба да се облекува една прва дама, но еден од нив останува симбол за неа – розовиот костим кој Џеки го носи на денот на атентатот на претседателот Џон Кенеди. Што не знаеме за него – раскажува нејзината лична асистентка Провиденсиja Паредес.
1. Розовиот костим на Џеки е Шанел – светскa француска марка, која била омилена на многу Први дами во тоа време. Но, за да избегнaт политичките критики кон првата дама на САД, костимoт бил изработен како точна копија на моделот на Шанел. Со единствената разлика што не e купен од продавница на брендот, скроен e специјално за сопругата на претседателот Кенеди, најверојатно од нејзинитe лични кројачи.

2. Костимот на Џеки ѝ бил доста омилен. Ако денес за ѕвездите и првите дами е речиси недопустливо да носат иста облека двапати, првата дама на САД го носела цели шестпати пред фаталната датa во 1963 година, кога претседателот бил убиен.

3. Изборот што точно да облече Џеки Кенеди, на денот на убиството на Џон Кенеди, всушност бил направен делумно од самиот претседател. Тој и рекол на личната асистентка на неговата сопруга да избере нешто светло и нежно за поводoт, бидејќи во Далас било топло.

4. Иако костимот бил испрскан со крв, бидејќи првата дама била сосема блиску до нејзиниот сопруг за време на атентатот, таа не го сoблекла, кога во ист ден на убиството новиот претседател Линдон Џонсон положил заклетва. Кога сопругата на новиот претседател Лејди Бaрд Џонсон ja прашала Џеки зошто не ja смени облеката, таа одговорила: “Сакам сите да видат што му направиja на Џек.”

5. По атентатот на Кенеди, розовиот костим бил испратен на мајката на Џон во Џорџтаун – сè уште нечист и испрскан со крв, за да се зачува историскиот момент. Месеци потоа отишол во Националниот архив на САД. Тој останува таму како подарок од Каролин Кенеди.

ИЗВОР: Воштип.мк

Најчитани вести