Пет сообраќајки на подрачјето на Скопје за 24 часа

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно две сообраќајни незгоди со последица материјална штета.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 46 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив 10 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Преземени се мерки и према пет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, девет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и осум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 83 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Димо Хаџи Димов“ и ОУ „Лазо Трповски“ кои се наоѓаат на територијата на општина Карпош со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести