Вчера ние комуњарите бевме во Прилеп. Беше прекрасен сончев ден. Сакавме со прилепчани да ја споделиме енергијата која кружи над Македонија.
Во воздухот се чувствуваше гордост, стаменост, достоинственост, одевме со исправени глави, пеевме за подобро утре… светеа лицата на грајџаните кои два часа со нас маршираа низ градот. Плоштадот беше исполнет уште од пладне… имаше што и да се види и да се слушне…
Претседатело на СДСМ Зоран Заев ги објаснуваше фарсичните напади врз него и ја обелоденуваше Вистината за Македонија… Вистината која Груевски и неговите послушници упорно сакаат да ја сокријат од народот…
Баби и дедовци кои шетаа по булеварот на пролетното сонце, со возбуда им го покажуваа лидеро на СДСМ на своите внуци… види внучко…
Потоа прошетавме по прилепските улици и сокаци… да поразговараме со прилепчани и да видиме како се живее под чизмата на режимот на градоначалнико на МВР-ВМРО… и многу муабети паднаа… ама слушнавме и за многу зулуми направени од арамите на Миле Јанаќиевски… избркани лујџе од работа… немаштија… затворени дуќани…
Уште малку… издржете…
Фејсбук статус на Петар Атанасов, член на ИО на СДСМ.


