Петмина се затруле со храна од познат скопски ресторан?

Со симптоми на триење синоќа на Клиниката за инфективни болести лекарска помош побарале пет лиц, откако по консумирањето храна во еден скопски ресторан кај нив се јавила мачнина и почнале да повраќаат, јави Здравство 24.мк.

Четворицата по дадената терапија во амбулантата биле пуштени дома, а едно лице кое било во потешка здравствена состојба и е хоспитализирано е на Клиниката.

Неофицијално, лицата се затруле за време на матурска прослава во познат скопски ресторан, а меѓу нив има и деца.

Од Инфективната клиника ја потврдиле информацијата за труењето.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести