Против државниот советник поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка во МВР.
Петровска на нејзиниот Фејсбук профил објави дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, ги завршило потребните проверки за настанот во Тетово, што се случи на 15 јули.
– Констатира дека постои основно сомнение дека полицискиот службеник, државен советник за полициски и криминалистички работи на министерот за внатрешни работи, сторил кривично дело насилство по член 386 став 1 и малтретирање при вршење служба по член 143 од КЗ за што против него до ОЈО ГОКК – одделението за гонење на сторителите на кривични дела на лица со полициски овластувања, поднесена е кривична пријава, стои на ФБ профилот на Петровска.
]]>


