Пике: Одигравме катастрофално прво полувреме

Фудбалерите на Барселона синоќа на гостувањето кај Ајакс во Амстердам го доживеаја првиот сезонски пораз во Лигата на шампионите, а Џерард Пике својата и играта на соиграчите ја оцени како очајна, посебно во првото полувреме кое го окарактеризира како катастрофално.

– Одигравме очајно во првото полувреме. Тоа беше една од нашите најлоши игри. Едноставно ни се случи катастрофа во првиот дел и нема никакви оправдувања за нашето однесување. Тоа не смее да се повтори. Пристапот не беше како што треба и тоа го знаат сите во екипата, изјави Пике разочаран од случувањата на „Амстердам Арена“.

Конечниот резултат беше 2:1 за Ајакс (2:0 полувреме).

По 5.коло Барселона води во Х-групата со 10 бодови, пред Милан кој има 8, Ајакс е трет со 7, последен е Селтик со 3 бода.

Најчитани вести