Пилешки дроб со домати: Полн со железо, вкусно и готово за 10 минути

Ќе испадне меко и сочно, наместо жилаво.

Потребно е:

1 кг пилешки џигер

1 голем кромид

500 мл доматен сос

100 мл бело вино

100 г брашно

3 чешниња лук

1 ловоров лист

1 лажичка мешавина од зачини

1 лажичка сол

Подготовка:

Извалкајте го пилешкиот дроб во брашно и испржете го во малку масло. Извадете го на чинија и во истото масло испржете го сечканиот лук и кромид. Вратете го пилешкото дропче, додадете малку вода и бело вино. Зачинете, покријте и варете на тивок оган додека течноста не испари. На крајот од динстањето, додадете доматен сос и варете уште пет минути.

Најчитани вести