Писмо од читателка: Дајте и нашите деца да ги вработиме по Рамковен!

Ова денес што се случи, морам јавно да го споделам со сите.

Појдов денеска да си ја земам здравствената картичка, откако ми се јавија, по една цела година од пријавувањето.

Во собата број 9, од Фондот за здравствена заштита, додека чекав се појавија двајца млади луѓе, немаа повеќе од 25 години.

Додека ги чекав моите картички, тие ѝ рекоа на вработената дека се повикани преку СМС порака да дојдат и да си ги земат картичките. Секретарката ги информираше дека од Фондот се јавуваат телефонски, а не праќаат СМС пораки. Едното од момчињата упорно ѝ ја покажуваше пораката што ја добило, а вработената го убедуваше дека тие картички се предадени во институцијата каде што се вработени.

Е сега винимавајте: Момчето не ја знаеше институцијата каде што е врабетоно и на моето прашање, не издржав а да не прашам, од каде зема плата, ми одговори: „Јас не работам, земам плата од банка по Рамковен договор“.

Па дајте и наште деца да ги вработиме по Рамковен договор, да земаат плата по Рамковен од банка. Па, каде го има ова во светот?!

Јас сум фрапирана од оваа информација, а едно време кога стануваше збор за некоја цифра од 1.000 вработувања по Рамковен договор, со седење дома, мислев дека е „претеризам“ и „напумпана“ приказна. Денес се уверив во спротивното.

Владата плаќа од нашите придонеси седење дома на здрави и прави млади момчиња и девојчиња, а немаат услови или организациска можност да ги вработат за да ги научат дека со работа се добива плата.

Цел ден не можам да се смирам од оваа информација.

Писмото до Бриф.мк го испрати читателка чиј идентитет ѝ е познат само на редакцијата.

Најчитани вести