Плачеше регионот за црната судбина, но овие сцени од филмот „Тома“ никогаш не се случиле

На филмот за животот на еден од најавтентичните уметници од Југославија, Томa Здравковиќ, многумина пролеаја и некоја солза, беше апсолутен кино хит не само во Србија, туку и во регионот, а на 1. јануари ја имал и својата телевизиска премиера.

Бидејќи се работи за екранизирана биографија, а не за документарен филм, тимот што учествувал во проектот, предводен од Драган Бјелогрлиќ и Жељко Јоксимовиќ, си зел слобода да менува, додава и „брише“ некои работи за да ја направи приказната за Тома подобра.

Токму така настанале некои од најдобрите сцени во филмот, иако тие никогаш не се случиле во реалниот живот. Еве дел нив.

Тома и Силвана никогаш не снимиле дует
Тие биле најблиски соработници и пријатели кои добар дел од животот и кариерата го поминале заедно, но Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ никогаш не снимиле дует.

Песната „Поноќ“ ја напишал Жељко Јоксимовиќ со помош на легендарниот Предраг Живковиќ Тозовац (кој пишуваше и за Силвана), а желбата на екипата била песната да биде како „народна од тоа време“, т.е. да звучи што поавтентично и пред сè, да ја покаже блискоста меѓу овие два лика.

https://www.youtube.com/watch?v=tHlJAPa55E0

„За Љиљану“ не е за Љиљана на докторот
Ова е една од најемотивните сцени. Речиси и да нема гледач кој не се расплакал додека ја гледал сцената со Тома како ја изведува песната „За Љиљану“ додека докторот Хаџипоповиќ танцува со својата сопруга Љиљана која умира. Сепак, тоа вистиснки не се случило.

Тома Здравковиќ пишувал песни за жени кои го инспирирале. Песната „За Љиљану“ всушност е посветена, според приказната на нејзината ќерка, на актерката Љиљана Благојевиќ, со која Тома работел на серијата „Докторка на селу“.

Докторот Хаџиповиќ (не) постои
Ликот на строгиот доктор Хаџипоповиќ кој во текот на филмот се менува и почнува да го разбира Тома и неговата душа е измислен за да ѝ даде тежина и емоции на приказната.

Сепак, според сопругата на Тома, Гордана, има малку вистина. Имено, Тома всушност го лекувале пет лекари, од кои најблизок со него бил еден лекар од Воено-медицинската академија, кој дури неколку пати одел на патувањата со Тома.

Тома се женел четири пати
Ова едноставно го нема во филмот. Според филмот Тома се женел двапати, додека во реалноста дури четири пати го изговорил судбоносното „да“. Првата сопруга се викала Олгица, втората Милица, третата Нада Радановиќ од Цетиње (која е прикажана и во филмот), додека последна била четвртата сопруга Гордана, која го смирила.

Имал две деца
Според филмот Тома имал само еден син од бракот со Гордана. Во реалноста, Тома Здравковиќ има и ќерка, Жаклина, од бракот со првата сопруга Олгица.

Имал тројца браќа и една сестра
Родителите на Тома, мајката Косара и таткото Душан, имале пет деца – четири сина и една ќерка. Тома е роден трет по ред. Во филмот е само неговиот брат Новица, кој исто така бил пејач.

Менаџерот „Дрнда“ не постоел
Менаџерот Дрнда е измислен лик. Но, слично како со ликот на докторот Хаџиповиќ, веројатно се базира на односот на Тома со неговите пет менаџери, колку што ги имал во текот на кариерата.

Исто така, преку самото име на филмскиот менаџер се изразува почит кон човекот кој навистина постоел. Имено, Драган Даковиќ Дрда бил поранешен фудбалер кој ја научил актерската екипа од Монтевидео да игра фудбал. Тој ненадејно почина минатата година.

А „Што те нема“?
На самиот крај од филмот, Тома ја изведува песната „Што те нема“ на Јадранка Стојаковиќ со Кемал Монтено и Даворин Поповиќ на концерт во Сараево, во време кога Југославија веќе се распаѓа. Тоа е една од најемотивните сцени на филмот затоа што ги симболизира, исто како што вели филмскиот Тома: „Оние кои повеќе ги нема и кои никогаш повеќе нема да ги има“.

Иако Тома Здравковиќ бил навистина голем пријател и со Кемал и со Даворин, и тој го одржал тој концерт, еден од последните негови концерти во сараевска Скендерија, ова е исто така измислена сцена. Идејата за песната, како и за репликата на Тома, неодамна ја кажа Драган Бјелогрлиќ, а ја дала неговата ќерка за „најтажната песна што постои“.

https://www.youtube.com/watch?v=FScqYLz6vvo
]]>

Најчитани вести