На прв поглед, Синхуи е обична населба во кинескиот град Џијангмен, кој се наоѓа во јужната кинеска покраина Гуангдонг. Но, ако се најдете таму на есен или зима, улиците ќе бидат исполнети со прекрасен мирис на сушени лушпи од мандарина, познати како ченпи.
За луѓето од Синхуа, тоа е мирис на злато. Имено, зборот за мандарина на кантонски, локалниот дијалект, се изговара исто како „злато“ – „гам“. Како скапоцен метал, некои од овие лушпи можат да достигнат неверојатно висока цена – под услов да се собираат токму во Синхуи, каде што составот на почвата и водата го прави подрачјето идеално за одгледување мандарини. Се верува дека лушпите од мандарини од тој регион се ризница на микронутриенти.

Овие специјални лушпи се сушат на сонце секоја есен и зима – најмалку три години по ред. Постојат неколку видови лушпи, а некои од нив се: зелени лушпи од мандарини собрани пред зреење, потоа светли, т.е. црвени лушпи собрани во ноември, големи црвени лушпи кои се целосно зрели околу декември и лушпи од мандарини собрани по зимата, кога содржат повеќе шеќер.
Забранетиот град
Се вели дека ченпи се користел во јадења што им се служеле на царевите и цариниците во Забранетиот град, поранешната царска палата на кинеските династии Минг (1368–1644) и Ќинг (1644–1911). Денес, оваа состојка главно се користи во кујната на јужна Кина за подобар вкус, но и како лек. Слатките и пијалоците направени од сушени лушпи од мандарина со текот на времето станаа сеприсутни.

Во зависност од видот, ченпи се користи во традиционалната кинеска медицина за здравје на слезината, дигестивниот систем и респираторниот систем. Сушените лушпи се богати со антиоксиданси и флавоноиди и помагаат во регулирањето на крвниот притисок, пишува српски Курир. Како и финото вино, колку е постаро ченпито, толку е повредно.
Пред неколку години, килограм сушени лушпи од мандарина од 1968 година беше продаден на аукција во Хонг Конг за 9.320 евра, а вредноста на индустријата за лушпи од ченпи беше проценета на 2,94 милијарди евра минатата година. Во моментов, 500 грама кора од ченпи стара 50 години чини неверојатни 8.875 евра.


