По 300 евра парична казна, протерување и забрана за влез во земјава 3 години за бугарските државјани кои направија инциденти на граница

Во судот во Крива Паланка вечевра заврши процесот против тројцата бугарски државјани кои денеска беа упасени на граничниот премин Деве Баир затоа што се обидоа да предизвикаат инцидент со македонската полиција. Тие ја навредувале и насилно се однесувале кон припадниците на македонските безбедносни служби додека чекаа да влезат во земјата.

Одлуката на Судот е по 300 евра парична казна, протерување и забрана за влез во земјава 3 години.

Нема повредени полициски службеници во денешниот инцидент на граничниот премин.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести