Популарната серија „Изгубени“ (Lost) ги заинтригира гледачите низ целиот свет, како и домашната публика, но крајот сите ги збуни. По десет години, серијата е завршена, но многу прашања остануваа неодговорени. Беа развиени многу теории, дебати… а продуцентите од „АБЦ“ дури сега, најверојатно поради исчезнувањето на малезискиот авион, се одлучија да објаснат, пишува Јаху.
1. Дали тие беа мртви цело време?
Некои веруваат дека преживеаните, всушност тоа не ни беа, туку беа починати. Но, продуцентите велат дека тоа не е точно. Во последната сцена од последната епизода на плажата се гледаат остатоци од авионот, па оваа сцена ги поттикна гласините дека целиот тим навистина не постои. Сепак продуцентите велат, патниците преживеале, а островот е вистински.
2. Сцените се снимени на Хаваите, а тоа било вистински предизвик.
Првиот пат кога се снимала сцената со сплавот, тој потонал. Времето било ветровито и дождливо. Било навистина тешко сѐ да се фати со камера.
3. „Умирањето“ на ликовите
Првичниот план бил да почине Џек, но потоа одлучиле тој да биде главен лик. Тоа е причината зошто во првата епизода е убиени Бун, кој го глумеше Јан Сомерхалдер.
4. Глупави теории
Тимот што ја креираше популарната серија слушнал многу теории за своите „Изгубени“, но како најглупава ја кажуваат онаа кога еден гледач на серијата тврдел дека преживеаните биле всушност клонирани – а приказната за „Изгубени“ била приказна за клонови.
5. Крајот на серијата и главниот заклучок
Серијата е всушност приказна за луѓе кои се губат во нивните животи. Целта била секој од нив да си ја најде својата смисла, а продуцентите се согласиле дека крајот треба да биде духовен. Сакале да ги допрат прашањата и да ја откријат смислата на животот, како и она што се случува после смртта.
]]>


