По грешка на банката станал милионер

Руски државјанин си купил четири стана, два луксузни автомобили и „Ајфон“ со пари што банката по грешка ги префрлила на неговата трансакциска сметка. Тој станал милионер преку ноќ, а сега е осуден на 6 години затвор.

Овој случај со Русинот е доказ дека животот може да биде суров, но и дарежлив истовремено.

Станува збор за триесет и петгодишниот Роман Јурков, кој добил 95,2 милиони руби или 1,3 милиони долари, по техничка, дигитална грешка од страна на банката.

Јурков се израдувал за парите на сметката и веднаш тргнал во шопинг. Купил четири стана, автомобили, скап телефон… За 24 часа, тој направил 220 одделни трансакции.

Јурков истакна дека пред да започне со шопингот, тој ја контактирал банката за го провери салдото на неговата сметка, добил потврда од која се гледа дека има 1,3 милиони долари на сметката. Додека „пазарел“, исто така бил во постојан контакт со банката, од каде што постојано му ја потврдувале состојбата на сметката.

Кога банката ја открила грешката, сметката била замрзната, а Јурков бил уапсен. Судот го прогласил за виновен и го осудил на шест години затвор.

]]>

Најчитани вести