По земјотресот ѕвездата на „Езел“ исчезнала

Турските медиуми објавија дека актерката Кансу Дере (43) исчезнала по разорниот земјотрес и потрагата по неа се уште трае.

Ѕвездата на турската хит серија „Езел“ досега не се огласила на социјалните мрежи, нешто што ги загрижи нејзините обожаватели кои се обидуваат да добијат информации за тоа каде се наоѓа, а нејзиното име ги преплави социјалните мрежи.

Куќата на актерката наводно се наоѓа во епицентарот на земјотресот, а турската новинарка Бирсен Алтунтас изјавила дека актерката во соработка со „Дизни плус“ и „Фокс“ им помага на граѓаните кои живеат во подрачјата погодени од земјотресот.

Но, таа вест не ги смири фановите. На социјалните мрежи и понатаму се шират гласини дека ѝ се случило најлошото, но властите и нејзиното семејство не даваат никакви изјави за јавност.

Најчитани вести