Два до крај неизвесни натпревара се одиграа ноќеска во НБА лигата. Голден Стејт до победата над Оклахома со 116:115 стигна со кошот на Андре Игудала постигнат во последната секунда. Претходно домаќините имаа во два наврата и по 14 поени предност, но упорноста на Оклахома ја доведе пред целосен пресврт кој беше спречен во самиот финиш. Клеј Томсон со 27 и Стефан Кери со 22 поени беа најефикасни кај Голден Стејт, додека Расел Вестбрук се истакна кај гостинскиот тим со 31 реализиран поен. На вториот ноќешен дуел Њујорк на домашен терен загуби од Хјустон со 106:109.
Вечерва играат: Индијана – Милвоки, Торонто – Чикаго, Атланта – Филаделфија, Бостон – Портланд, Кливледн – Шарлот, Мајами – Далас, Денвер – Минесота, Феникс – Бруклин, Јута Сан Антонио, ЛА Лејкерс – Мемфис и Сакраменто – Детроит.
Табела Источна конференција: Индијана 8-0 (победи-порази), Мајами 5-3, Филаделфија 5-4, Атланта 4-4, Шарлот 4-4, Чикаго 3-3, …
Табела Западна конференција: Сан Антонио 8-1 (победи-порази), Портланд 6-2, ЛА Клиперс 6-3, Голден Стејт 6-3, Минесота 6-3,…


