Македонските тенисерки денеска со променлив успех настапија во двојки на фјучрсот во Анталија.
Лина Ѓорческа со Анастасија Вдовенко од Молдавија (3, носителки) во четвртфиналето ги победија Чемре Анил (Турција) и Дариа Сапогова (Белорусија) со 6:2 и 6:3 во гемови.
Магдалена Стоилковска со Мартине Дитлев (Данска) загубија од првите носителки Наталија Костиќ (Србија) и Моник Цур (Холандија) со 6:2 и 6:2 во гемови.
Токму првите носителки ќе бидат противнички на Ѓорческа и Вдовенко во полуфиналето.
Двете наши тенисерки утре ќе играат мечеви од 2.коло во поединечна конкуренција.


