Победи за Ѓорческа и за Стоилковска во Анталија

Македонските тенисерки успешно ја минаа првата пречка на фјучрс турнирот што се игра во Анталија, Турција за награден фонд од 10 илјади долари.

Лина Ѓорческа денеска ја победи Даниела Чобану од Молдавија со 6:3 и 6:4 во сетови.

Втората македонска тенисерка Магдалена Стоилковска (3,носителка) беше поуспешна од домашната тенисерка Чемре Анил со 6:4 и 6:3 во гемови.

Ѓорческа и во второто коло противничка ќе има од Молдавија квалификантката Алиса Мартинов, додека Стоилковска ќе игра против Романката Диана Бузеан.

И двете тенисерки преку квалификациите изборија учество на турнирот.

Во игра на двојки македонските тенисерки се пласираа во четвртфиналето откако вчера постигнаа победи.

Ѓорческа со Молдавката Анастасија Вдовенко ќе играат против Чемре Анил (Турција) и Дариа Сапогова (Белорусија).

Стоилковска со Мартине Дитлев (Данска) за противнички ги имаат првите носителки Наталија Костиќ (Србија) и Моник Цур (Холандија).

Најчитани вести