Во дворот на основното училиште „Сали Лиси“ во гостиварското село Добри Дол, се случила несреќа во која едно четиригодишно дете било тешко повредено. Набрзо по несреќата детето било пренесено во гостиварската Општа болница, каде од повредите починало.
Од се уште неутврдени причини, металната врата на дворот од училиштето излегла од лежиштето и паднала врз дететото кое играло.
– Поединостите кои довеле до повредувањето и трагичниот исход на детската игра ќе бидат познати откако ќе заврши увидот – информираа од СВР Скопје.


