Хрватската актерка Маја Петрин вчера ненадејно починала во Загреб, објавија хрватските медиуими.
Причина за смртта би можела да биде срцев удар, но сé уште се чека на официјалните резултати, пишува „24sata.hr “.
Петрин одигра голем број на театарски и телевизиски улоги, а на целиот Балкана стана позната по својата препознатлива улога во серијата „Вила Марија“, како и играјќи ликот на Дуња во серијата „Забранета љубов“.
Петрин е родена на 3 јули во 1972 година во Загреб. Дипломирала на Факултетот за ритам и танц во 1988. година. Седум години била член на балетскиот ансамбл на градскиот театар „Комедија“, а во 1993. година се запишала на Академијата за драмски уметности.
Според „24sata.hr“, Маја Петрин преживеала срцев удар во средината на октомври 2009 година. година. Зад себе ја остави својата ќерка Петра (17).
]]>



