Почина и четвртото момче од БМВ-то што излета од Бедињски Мост кај Куманово

Момчето кое беше повредено минатиот петок, во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на Куманово, им подлегна на повредите во болница, дознава Кирилица од болнички извори.

Со тоа бројот на жртвите во оваа трагичната сообраќајна несреќа се искачи на четири. Две од вкупно четири момчиња, кои со своето БМВ излетаа од надвозникот кај на „Бедињски Мост“ кај бензинската пумпа на Макпетрол, починаа на самото место, а третото почина на пат до болницата во Куманово. Четвртото момче со тешки телесни повреди беше донесено на скопските клиники, но и тоа во саботата им подлегнало на повредите.

soobrakajka

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести