Мартин Ли, кој победи на Евровизија како претставник од Велика Британија во 1976 година со групата „Brotherhood of Men“ и песната „Save Your Kisses For Me“, почина на 77-годишна возраст.
Музичарот имал срцева слабост и починал по кратко боледување, потврди поп групата на социјалните мрежи.
Преку соопштение на социјалната мрежа Фејсбук, групата му оддаде почит на нивниот голем пријател: „Со голема тага ја соопштуваме дека нашиот драг пријател и колега, Мартин Ли од Brotherhood of Man, почина во недела на 29 септември 2024 година, од срцева слабост по кратко боледување. Мартин имаше 77 години“.
Мартин Ли беше водечкиот вокал на победничката песна на Евровизија во 1976 година.
Песната „Save Your Kisses For Me“ беше број 1 во 31 земја. Таа влезе и во Гинисовата книга на рекорди како најпродаваната евровизиска песна на сите времиња, како и најголемиот победник по процент на гласови, пишува „Daily Star“.


