Почина повредениот од сообраќајката во Прилеп

Како што информира Магдалена Димитровска, портпарол на СВР Битола, несреќата се случила околу 11:50 минути на улицата „Марксова“ во центарот на Прилеп пред зградата на Поштата. До несреќата дошло при директен судир на возило „Фиат“ со прилепски регистерски таблички управувано од 47 годишниот прилепчанец со иницијали З.Н. и мотоцикл. При судирот животот го загубил  42 годишниот мотоциклист Зоранчо Спиркоски од Прилеп.

Според началникот на Итната медицинска помош Гоце Јонзоски, судирот бил страотен а од силината на ударот настанала експлозија во која возилата се запалиле. Спиркоски на пат за градската болница им подлегнал на тешките повреди.

фото:10bez10.com  ]]>

Најнови вести

Најново од Хроника