„Упатената патрола на лице место ја затекнала Снежана Миљковиќ, сестра на вујкото на починатиот Миљковиќ Велибор, инаку естраден уметник попознат по неговото уметничко име Тони Монтано, кој изјавил дека не им се јавува на телефон и дека не ја отворил вратата од станот, ангажирале бравар кој го отворил станот и во фотелјата било пронајдено телото на споменатиот Велибор.
Екипа на СХМП излегла на местото на настанот и констатирала смрт. Истражна екипа извршила увид и го запечатила станот. Нема знаци на насилна смрт. Телото со возило на Итна медицинска помош е пренесено во ИСМ“, се наведува во соопштението.
Миљковиќ кариерата ја започна како пејач во панк рок групата „Радост Европа“, формирана во 1979 година. Низ бендот поминале голем број музичари, меѓу кои и Диме Тодоров, кој подоцна станал член на Партибрејкерс и Слободан Лока Нешковиќ, кој подоцна станал член на бендот Урбана Герила. Бендот имаше проби и најмногу настапуваше во белградскиот Студентски културен центар, а најмногу изведувале песни од панк рок групата Рамонс, но и свои, пишува Мондо.рс.
Бендот престана да свири во 1985 година, а дел од материјалот заврши на деби албумот на Миљковиќ, кој започна соло кариера по распаѓањето на бендот. Во 2012 година, Тони Монтано собра група музичари од Белград за да започне повратна турнеја. Монтано и бендот за прв пат настапија на споменатиот фестивал на пивото, каде што беше снимен штотуку објавениот материјал.


