Во населбата Центар вчера момче и девојка се најдени по пад од зграда. Момчето го загубило животот, додека девојката се бори за живот на скопските клиники.
Од Министерството за внатршени работи засега не го класицифираат настанот, бидејќи трeба да се утврдат причините за падот на двајцата млади и да се дознае што точно се случило.
„Денеска (12.02.2023) во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Како што објави НоваТВ, МВР настанот не го класифицираат како обид за двојно самоубиство и очекуваат да се подобри состојбата на девојката.


