Почнува Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, Северна Македонија е држава партнер

Од денеска до сабота во Нови Сад ќе се одржи Меѓународниот саем за туризам на кој ќе има повеќе од 250 излагачи од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија и Русија.

Нашата држава е држава партнер на тој престижен настан.

Во следните три денови ќе бидат претставени агенции, организации, институции, здруженија, туроператори, хотели, бањи, национални паркови, осигурителни компании, јавни претпријатија, винарии и дестилерии, мали производители на храна и пијалоци.

Тие ќе обезбедат информации за угостителски и туристички објекти, сместувачки капацитети и настани, рурален туризам, природни убавини и туристички дестинации.

Меѓу значајните теми ќе биде и – рецептивниот туризам, со цел да се овозможи регионално презентирање на понудата на далечни пазари и да се доведат странски туристи во регионите на земјите од сливот на Дунав. 
Саемот за туризам во Нови Сад е во својата шеста деценија и досега помина низ неколку трансформации. Од 2022 година, тој доживува нова „младост“ во ноемвриски термин, што е резултат на добрата соработка со изложувачите и нивните желби. Тој нов термин е создаден и за новите искуства – како што Северна Македонија, како земја партнер – ги носи за време на одржувањето од 27 до 29 ноември.

МИА

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести