Наградната игра ќе трае една година до 14 декември 2020 година, а според министерката за финансии Нина Ангеловска ќе даде резултат во намалување на сивата економија. – Граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист. Ќе имаат шанса да добијат една од 3852-те награди во вкупен фонд од половина милион евра. Ќе добиваат поврат на ДДВ и ќе придонесуваат во борбата против сивата економија која во нашата држава изнесува една третина, рече министерката за финансии на прес-конференција на која го најави стартот на наградната игра. За учество во наградната игра најпрво граѓаните треба да се регистрирани на системот е-Персонален данок, да се корисници на апликацијата МојДДВ, каде се појавува известување за наградната игра при што треба да се прифатат условите за учество. Во тек е првата исплата на поврат на ДДВ на граѓаните за месеците јули, август и септември, откако почна наградната игра. MИА ]]>


