Обвинителството поднесе обвинителен акт против Зоран Верушевски, првоосомничениот во акцијата „Пуч“, но не за шпионажа, туку за наводно незаконско поседување на пиштол.
Адвокатот на обвинетиот претходно на јавноста и образложи дека Верушевски има оправдување за двата пиштоли, а за кои полицијата го товареше за недозволено поседување на оружје.
Сега, обвинителството смета дека Верушевски незаконски го поседувал само службениот пиштол.


