Погледнете како изгледа робот-таксито на Маск, нема волан и педали, вратата се отворa нагоре

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, го претстави новото роботакси, со две врати кои се отвораат нагоре, без волан и без педали, што може да го отвори патот за раст на производителот на електрични возила. Тој на сцената пристигна со едно од овие возила, чие производство треба да започне во 2026 година.

„Автоматската иднина е тука. Имаме 50 целосно автономни автомобили овде. Ќе ги видите моделите „Y“ и „Cybercab“. Сите се без возач“ – изјави Маск.

Маск претстави и поголемо самоуправувачко возило, кое може да превезе до 20 луѓе, а го покажа и хуманоидниот робот на „Тесла Оптимус“.

Најчитани вести