Показна вежба за заштита од пожари во ЈЗУ Геријатрија

Во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје денеска ќе се одржи показна вежба за заштита од пожари под наслов „Пожар 2026“.

Како што информираат од Геријатрија, во рамки на континуираното унапредување на подготвеноста и капацитетите на персоналот, ќе се реализира вежба за справување со последици од природни и други непогоди, со фокус на сценарио на појава на пожар во објектот на установата.

-Вежбата има за цел да демонстрира првичен одговор при појава на пожар, организирана и безбедна евакуација, како и функционирањето на системите и процедурите за заштита и спасување. Истовремено, ќе се изврши проверка на координацијата и подготвеноста на тимовите за поставување со вакви ситуации, сооппштуваат од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести