Припадници на полицијата денеска упаднале на тренингот на Новак Ѓоковиќ (37) откако на трибините нашле непозната торба, па по процедура посегнале да проверат дали можеби станува збор за опасна направа!
Како што пренесува порталот „Б92“ кој има известувач на Ролан Гарос, полицијата со кучиња упаднала на стадионот „Филип Шатрије“ каде српскиот тенисер се подготвувал за мечот со Франциско Серундола во осминафиналето од вториот Грен слем на сезоната.
Како што пренесува овој портал, еден од гледачите најверојатно го заборавил ранецот на трибините, поради што следела стандардната антитерористичка процедура. Полицијата донела и кучиња трагачи за да го намирисаат споменатиот ранец и да утврдат дека во него нема експлозивна направа! На крајот било утврдено дека во чантата нема ништо опасно и ја понеле со себе, а Ноле на мир можел да продолжи со тренинзите. Полицијата при претресот ги испразнила трибините.


