Полицаец пукал во воздух за да ги смири коњаниците од Скопје кои се тепале со крушевчанец

Петмина лисичани кои биле дел од коњаница се степале со крушевчанец на Гумење, а полициски службеник предупредувачки пукал во воздух за да ја прекине тепачката.

-Синоќа во 02.05 часот во Полициска станица Крушево било пријавено дека на место викано „Гумење“ во Крушево дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.К.(33) од Крушево од една страна, и Х.Ј.(18), Ј.Ѓ.(22), А.Н.(19), Б.Ј.(41) и 16 годишен малолетник сите од Скопје (биле дел од групата која дошла со коњицата од скопско Лисиче) од другата страна, при што заради спречување на физичката пресметка, полициски службеник од Полициска станица Крушево од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, велат од полицијата.

Полициски службеници од Полициска станица Крушево излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За инцидентот се огласи и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, кој ја прозва дури и Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, која беше разрешена од позицијата техничка министерка за труд и социјална политика. Тој ја праша, дали лицата се дел од коњаницата од чиј дел е и таа.

„Дали Рашела Мизрахи со нејзините приврзаници, дел од коњаницата синоќа во Крушево дивееле и стварале немир врз мирољубивото население во Крушево? И покрај тоа што им беше укажано да останат во своето престојувалиште на,’Гумења‘ моите информации говорат дека после повеќе нарушувања на ЈРМ со карање, физички напади, меѓусебни тепачки, групирања, забави, а со тоа и непочитување на мерките, препораките и протоколите, реагирала полицијата за што се преземени соодветни мерки против сторителите. Зарем на овој начин со сквернавење на празникот ги почитувате нашите илинденци и дали на ваков начин им се оддолжувате за нивната борба за слобода? Дали ќе се оградите и ќе ги демантирате или барем осудите ваквите наводи?“,

напиша Христоски на Фејсбук.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести